МБ ,,Кочо Рацин” реализираше ликовна работилница со децата од ОЈУДГ ,,7 Септември” во с.Црник

Денеска во ОЈУДГ”7 Септември” во с. Црник се одржа ликовна работилница на тема: ” Поврзете го Дедо Мраз и обојте го” со дечињата од 3 до 6 годишна возраст, по претходни подготвени цртежи од библиотекарката Јасмина Цековска.

За успешно реализираната активност од страна на директорката на библиотеката секое дете доби новогодишно пакетче.

Од страна на воспитувачката Александра и негователката Санела беше изработен подарок за вработените во библиотеката.

Од МБ ,,Кочо Рацин” Пехчево изразија благодарност до директорката и вработените во ОЈУДГ”7Септември” Пехчево за досегашната соработка и сите успешно реализирани настани во изминатиот период

За повеќе фотографии кликнете на фотографијата подолу:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*