Пехчевската библиотека го одбележа 1-ви Април, Светскиот ден на шегата

Светскиот ден на шегата, 1 Април се одбележан и во библиотеката во Пехчево. Денеска на 1-ви Април беа неизбежни, секој секого го излажа по нешто за да го насмее. Насекаде низ Македонија се случуваше најголемата забава под маски.

Продефилираа разни принцези, лавови, супермен, спајдермен, пчелки, вештерки, пирати, црвенкапи, барбики и сл. По тој повод дечињата од ООУ “Ванчо Китанов” од подрачното училиште во с. Панчарево под менторство на наставничката Оливера Кратевска маскирани, насмеани и среќни беа гости во нашата библиотека.

Секое дете ја претстави својата креација и преку цртежи. Се читаа шеговити стихотворенија, се пееја песни, се чувствуваше атмосфера во знакот на шегата.

Друштво им правеа и неколку ученици од VI одделение – редовни читатели и соработници на библиотеката. Прекрасен ден,насмеани детски лица и интересни креации, се всли во објавата на библиотека ,,Кочо Рацин” од Пехчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*