Светскиот ден на литературата за деца во Делчево одбележан под мотото „Исклучете ги мобилните и компјутерите и земете книга”

Светскиот ден на литературата за деца“, денеска ЈЛБ „Илинден“ и училишната библиотека при ООУ „Св.Климент Охридски“ го одбележа под мотото „Исклучете ги мобилните и компјутерите и земете книга”.

Датумот го означува роденденот на Ханс Кристијан Андерсен, прочуениот дански автор, познат по делата како „Грдото пајче“, „Малата сирена“, „Девојчето со кибритчиња“ и многу други.

Токму затоа, четвртоодделенците од ООУ„Св.Климент Охридски“ читаа бајки од Х.К.Андерсен.Ученици пак од повисоките оддленија читаа детска литература на англиски, француски, италијански….јазик.
ЈЛБ„Илинден“ упатува благодарност до сите ученици и наставнички кои беа дел од денешниот настан.

Посебна благодарност до Валентина Даневска, наставник по македонски јазик и библиотекар во училиштето.Посакуваме добрата соработка помеѓу ЈЛБ„Илинден“ и библиотеката на ООУ„Св.Климент Охридски“ да продолжи.

Упативме порака до сите деца да читаат приказни затоа што тие се крилјата со чија помош секојдневно се вивнуваат во светот на фантазијата. Моќта на книгите за деца ги прошира хоризонтите, ја развива имагинацијата и гради разбирање.
Инаку, литературата за деца вклучува приказни, книги и песни што се наменети за деца и во кои тие можат да уживаат.

Модерната литература за деца се класифицира на два начина – по жанр или по возраст. Крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век се познати како „златните години за литературата за деца“, со издавањето на огромен број книги што денес важат за класици.

Видео од настанот на следниот линк:

https://youtube.com/live/MhlLBTco3VQ?feature=share

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*