Меѓународниот ден на детската литература одбележан во Пехчево

Од 1967 година 2 Април – роденденот на данскиот писател Ханс К. Андерсон се смета за Меѓународен ден на детската литература кој се слави за да ја инспирира љубовта кон читањето и да го сврти вниманието кон детските книги.

По тој повод тимот библиотекари денеска беа во посета кај дечињата од ОЈУДГ” 7 Септември”- голема група под менторство на наставничката Розмарина Мицевска со кои организираа читање на бајката ” Грдото пајче” под мотото ” Ајде да растеме во светот на бајките и сказните”.

Организираа и креативна работилница на тема ” Да ги обоите Грдото пајче и Убавиот лебед” и врз основа на цртежите заедно со дечињата создадоа сликовница. За успешно реализираната активност дечињата добија скромни подароци од страна на директорката на библиотеката.

Интересен настан,весели и среќни дечиња, се вели во објавата на МБ ,,Кочо Рацин” Пехчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*