Повратникот Денис Зекиров развива бизнис идеја за враќање кон сточарството во Тработивиште

Добар пример за инвестиција во Делчево за за која се очекува добар старт и напредок е претприемачот Дениз Зекиров од с.Тработивиште, делчевско.

Денис е успешно лице, повратник од Швајцарија кој сака да работи на реализацијата на својата идеја. Отворање на земјоделска фарма во Село Тработивиште.

До сега има купено 40 декари земја за сопствено прозиводство на сточна храна, 10 крави и во постапка е на набавка на уште 20 крави.

Во постапка е и регистрирањето на сопствен бизнис користејки ги поволностите од програмата на ИПАРД 8 и активните мерки за вработување. За една година се планира вработување на 4 лица и развој на фармата која ќе брои 40 крави и 80 овци.

Информацијата за овој успешен потфат ја соопшти Елвис Мемети, советник за инклузија на Ромите.

Мемети упати честитки за активистот Зоран Биковски кој, како што рече, преку најразлични форми на делување секогаш придонесува во потикнувањето, унапредувањето и подобрување на животот на поединци и групи Роми.

-Тука сме заедно да ја подржиме оваа идеја и СЕ ЗАЛАГАМ ДА ЗАСТАПУВАМ И ПРИДОНЕСАМ ОВА ДА УСПЕЕ НЕ САМО ВО ДЕЛЧЕВО НЕГО ВО СИТЕ населени општини пример Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Кавадарци, Неготино и други каде што ромското население работи во земјоделски дејности, додаде Мемети во својата објава на фејсбук.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*