Трајковски и Пекевски ги примија сертификатите од проектот на УСАИД за зајакнување на општинските капацитети

На настанот организиран од УСАИД во рамките на Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите Општина Делчево доби сертификат за признание за заложбите на општината и извонредните перформанси во подобрувањето на капацитетите на општините за зголемување на сопствените приходи, обезбедување повисоко надворешно финансирање и ефикасно планирање и извршување на буџетот, информираше градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

На овој настан присуствуваше и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

-На настанот ,,Партнерство за поефикасно управување во општините”, ја имав честа, да го споделелам искуството на Општина Берово и придобивките од партнерството со Проектот на УСАИД ,,Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите”.

Истакнав дека:

• Клучот на успехот, покрај од максимизирање на приходите по основ на данок на имот, лежи и во финасиската стабилност на општината, пред се деблокирање на сметката на општината а понатаму и правилно менаџирање со приходите и расходите
• Искуството покажа дека приходите по основ на данок, секогаш можат поуспешно да се прибираат
• Исто така еднаквиот даночен третман спрема сите даночни обврзници е многу важно за стекнување на довербата кај граѓаните, без разлика дали се работи за физичко лице или за фирма, истакна Пекевски во својата објава на фејсбук.

Упати благодарност до УСАИД, за можноста Општината да учествува во проектот.

-Преку проектот:

• Подигнато е нивото на наплата на даноци, во значителни размери,
• Лицето кое што беше ангажирано на проектот даде голем придонес кон зголемување на даночната основа (репроцена)
• Подигнат е фискалниот капацитет на општината воопшто
• Зголемен е административниот капацитети за управување со општински јавни финансии, планирање и извршување на буџетот, фискална транспарентност и отчетност, планирање и прибирање на приходи од сопствени извори, пристап до надворешно финансирање, и подобра соработка со приватниот сектор, додаде Пекевски.

Директорот на Проектот на USAID, Bardhyl Marku , ги претстави клучните резултати од соработката со партнер-општините. Истакна дека 48 партнер општини ги зголемија приходите од сопствени извори со просечен пораст од 22,32% во 2023 година, надминувајќи го значителниот раст од 10,26% забележан во претходната година.

Дополнително, 14 општини кои изразија интерес, добија помош за ажурирање на базата на податоци за данок на имот, што резултираше во просечно зголемување од 20,5% на наплатата на данокот на имот. Овие резултати значително допринесоа за просечниот пораст од 45% на приходите од сопствени извори во истиот период.

Како резултат на успешната соработка во рамките на проектот, на Општина Берово и беше доделено признание.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*