Во Берово се одбележа Светскиот ден на здравјето

Во Берово се одбележа Светскиот ден на здравјето. По тој повод се одржа заеднички настан под покровителство на Благој Механџиски Зегин на кој присуствуваа вработени во здравствените установи од Берово и Пехчево. 

-Чест ми е што се собравме на овој ден кој е три во едно, Ден на Светската здравствена организација, Светски ден на здравјето и православниот празник Благовестие или Благовец кога и јас сум роден. Дозволете да се заблагодарам за вашето присуство и да упатам порака да што повеќе работиме, а помалку да лечиме и повеќе да се дружиме како здрави луѓе. Кина воведе модел здравството да не ги плаќа лекарите по преглед, туку по што помалку прегледи, а повеќе плата. Тоа ви го посакувам и Вам, рече Механџиски.

Посебна честитка упати до пензионираните здравствени работници посакувајки им добро здравје во пензионерскиот живот.

-Меѓу овој колектив што го гледам има пензионери, а и јас сум меѓу нив. Порачувам повеќе да се ангажираме во здравството, бидејки нема веќе кадар и дајте заеднички да се заложиме постоечкиот кадар да го ангажираме во служба на нашите пациенти.

Посебно сакам да нагласам ова дружење нема да е последно. Јас се чувствувам Малешевец, да не испадне фалење сум прошетал цел свет, но најдраго ми е дружењето со овие наши луѓе, додаде Механџиски.

Во рамки на настанот дел од здравствените работници одбележаа 40 години заедничка работа, а одбележувањето на Светскиот ден на здравјето продолжи со заедничка забава по повод 79-тиот роденден на бардот на македонската фармација.

Воедно од страна на Ресторан Ловен Дом во Берово доби подарок за поддршката која беровскиот стопанственик му ја дава на еден од најпосетените ресторани во Берово во изминатата година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*