Иницијатива за обновување на храмот ,,Св.Цар Константин и царица Елена” во с.Негрево

Жителите на пехчевското село Негрево започнуваат иницијатива за обновување на храмот ,,Св.Цар Константин и царица Елена”.  Иницијативата ја покренуваат ентузијасти кои информираа дека состојбата на храмот кој навршува 166 години постоење е загрижувачка и во фаза на потребна итна интервенција.

-Почитувани пријатели, драги наши сонародници од село Негрево, Се навршуваат 166 години од подигање на Светииот Храм Св. Константин и Елена, во нашето Негрево, а состојбата на храмот во кој започнале нашите животи е загижувачка и е во фаза за итна интервенција. Бидејќи имаме обврска да бидеме Благодарни за животот, како најубав дар од Господа, ја имаме можноста да додадеме вредност. Со искрени намери Ве повикуваме, да се обединиме и да го обновиме ова христијанско светилиште за кое имавме чест да добиеме Благослов при посетата на храмот од неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, Господин Господин Стефан и неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички Господин Наум, се вели во објавата на иницијатвниот одбор за обнова на црквата во село Негрево.

Во насока на поддршка на иницијативата, организаторите напоменуваат дека поддршката не мора да биде во парични средства, туку истата може да биде и во градежни материјали, средства за работа, изведба на одредени градежни активности, монтажа, превоз и било каква друга добронамерност. 

-Сите кои сакаат да придонесат во таа насока, ги замолуваме да се информираат, да се координираат со иницијативниот одбор, за да не дојде до удвојување и повторување на набавките. Градежните работи ќе започнат најпрво од санација на кровот и ќе се движат кон обновуваење столарија, фасада, потоа внатрешноста и на крај дворот на црквата. Ве известуваме дека веќе неколку време постои иницијативата, завршени се административни подготовки на јасен и транспарентен начин да можеме да го почнеме процесот за реконструкција на објектот, додаваат иницијаторите. 

Воедно информираат дека под покровителство на Пехчевско Архиерејско намесништво отворена е и посебна трансакциска сметка во Комерцијална Банка со бр. 300030000221825 на која исто така сите хумани граѓани можат да ја искажат својата добра намера во цел на дознака: за реконструкција на црквата во село Негрево За целото времетраење на работите, сите активности како што додаваат од иницијативниот одбор, информациите ќе бидат, транспарентни и достапни за јавноста.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*