Младиот поет Михаил Цековски од Пехчево добитник на трета награда на поетскиот фестивал „Пролет, љубов, смеа“

По повод 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право денеска во Дом на култура” Крсте Мисирков” – Свети Николе се одржа поетски фестивал “Пролет, љубов, смеа” на кои учествуваа повеќе градови од Македонија, меѓу кои и Пехчево.

ОУМБ” Кочо Рацин” се натпреваруваше во категоријата од VI до IX одделение со ученикот Михаил Цековски, кој освои трето место на фестивалот под менторство на Габриела Костадинова.

Честитки до Михаил и благодарност до директорот и тимот библиотекари и до жири комисијата за доделената награда, се вели во објавата на пехчевската библиотека

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*