Денес и официјално почна реконструкцијата на локалниот пат с. Чифлик – с. Умлена
После 50години жителите на овие села добиваат нов локален пат.
Имено во Собранието на Република Македонија беше усвоен амандман за реконструкција на локален пат с.Чифлик – с. Умлена.
-Упатувам голема благодарност до претседателот професор д-р Христијан Мицкоски за неговото несебично заложување, како и до сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, посебно до Драган Ковачки и Бојан Стојаноски кои покрај сите опструкции на централната власт успеаа да обезбедат средства за реализација на овој проект, кој е од витално значење за жителите на овие населени места, истакна градоначалникот на Пехчево, Александар Китански.








Leave a Reply