Д-р Калаџиска: Единствен лек да се заштитиме од болести е редовна вакцинација

Со низа активности во Делчево се одбележува Европската недела на имунизација. Како и во останатите градови, кампањата и во Делчево се одбележа од страна на превентивен тим од здравствениот дом „Гоце Делчев“, под мотото „Заштитуваме генерации – спринт за имунизација“.

Кампањата како што истакна д-р Љупка Калаџиска е потпомoгната од  Министерството за здравство, УСАИД, УНИЦЕФ и Американската асоцијација.

-Во рамки на истата се обезбедени промотивни материјали и брошури во кои поединечно е наведена блолеста која се спречува со помош на вакцинација и е вметнат редовниот календар на имунизација и таканаречениот календар Catch-up за вакцинација за пропуштени дози. Приликата ја користам да се обратам на сите родители кои се во дилема во однос на вакцинацијата да дојдат во нашиот здравствен дом и да ги добијат сите потребни информации од релевантни и професионални сајтови, а не да проверуваат по интернет и дополнително да влегуваат во заблуди, рече Калаџиска.

Вакцинацијата како метод како што додаде се докажа дека е мошне ефикасна, потенцирајки дека има големи бенефити од самата вакцинација, со чија помош се искоренети некои болести, а некои болести се на самиот праг на искоренување. 

-Самата вакцинација не штити од оние болести за кои нема лек и единствен начин да се заштитиме е да се вакцинираме. Оние вакцини кои се наменети за бактериски причинители, исто така потпомагаат колку што може помалку да се користат антибиотици и да се намали антибиотската резистенција што веќе е на прагот и ни се заканува. Оние вакцини кои се наменети за вирусни инфекции пак штитат од потенцијално заразни болести, но и болести кои предизвикуваат канцер, додаде Калаџиска.

Лекарите кои учествуваа во денешната активност во рамки на Европската недела на имунизација апелираат на масовна вакцинација повкувајки се на пораката на Светската здравствена организација дека вакцинацијата и чистата вода се предуслов за долговечен живот

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*