Со положување на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци во НОВ во близина на ОЈУДГ „23 Август“ во Берово и краток осврт за делото на паднатите борци, денеска, во Берово се празнува 23 август, Денот на ослободувањето на Берово и се одбележуваат 80 години од ослободувањето на Берово.
Делегации од политичкиот и јавниот живот меѓу кои и Министерот за локална самоуправа Златко Перински положија цвеќе и се поклонија пред спомен плочата, во знак на висока почит кон нашите херои и борци, кои ни овозможија слободно да живееме и да ја градиме и негуваме нашата држава.
Одбележувањето на денот, продолжи со традиционалната свечена Седница на Советот на општина Берово, која ја водеше Претседателката на Совет на Општина Берово, Марија Буровска.
Пред присутните свое обраќање имаше градоначалникот Звонко Пекевски кој честитајќи им го денот на граѓаните повика заеднички сите да продолжат да работат за развојот на градот преку реализацијата на уште многу успешни проекти за Берово.

Во чест на 80 годишнината од ослободувањето на Берово на свечената седница беше пуштена видео презентација со осврт кон славното минато и културно-историскиот развој на градот.
-Доделив благодарници и плакети на поедницни кои допринесуваат кон континуиран раст и развој на општина Берово, а беа доделени решенија за парични награди и пофалници на учениците кои се прогласени за Ученик на генерација од основните и средното училиште во Општина Берово, истакна Пекевски.
Во чест на денот на општина Берово, 23 август, со изведба на Македонска чалгија настапи Влатко Терзиски, професионален иструменталист, кој на присутните им ја долови магијата на кларинетот и други инструменти одбележувајки, 40 годишен јубилеј од неговата музичка кариера, за првпат настапувајки на осумдесет годишнината од ослободувањето на неговиот роден град Берово.

По завршувањето на Свечената седница беше претставена Изложбата на копаничарски дела и црковни елементи од Ванчо Чаушовски и Блаже Буровски како и Изложбата на уметнички дела од ликовен конкурс „Берово, мојот роден крај“.
https://www.youtube.com/live/6ezAMu5pLL8?si=_bcVMYiNshz1VZmF

Leave a Reply