Женскиот ракометен клуб Делчево ги започна подготовките за новата сезона

Женскиот ракометен клуб Делчево ги започна подготовките за новата сезона. Тренерот Горан Велков информираше дека тренинзите се одвиваат во два термини претпладне и попладне 

-Припремите се во тек, претпладне имаме фитнес вежби во новата современа фитнес сала, а попладне тренираме на отворено и во спортската сала  Ванчо  Прке, истакнаа од клубот.

Оваа натпреварувачка сезона ќе се натпреваруваме во кадетската женска лига при Ракометната федерација на Македонија. 

-Голема благодарност за топлиот пречек и до Ивана Ампова кои и овојпат ни ги овозможија овие спортски активности кои се од круцијално значење за понатамошниот тек на подготовките. Се надеваме дека и оваа година ќе се бориме за висок пласман во кадетската лига, додадоа од РК Делчево.

Претходно ракометарките учествуваа на летен камп во Грција, кој исто така како што напоменав од стручниот штаб ќе.биде од на голема полза во насока на подготвеноста на ракометарките за предизвиците кои претстојат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*