Фудбалскиот клуб Брегалница 1926 Делчево го најави вториот пријателски натпревар кој екипата од Делчево ќе го одигра пред почетокот на Третата фудбалска лига Исток. В недела на Градскиот стадион Гоце Делчев ќе се одигра меѓуопштинското дерби со вечниот ривал ОФК ,,Малеш” од Берово.
-По победата во првиот пријателски натпреар против тимот на Граничар Логодаж од соседна Бугарија, време е за уште еден супер тест, овојпат со вечниот ривал ОФК Малеш од Берово. Тимот на ОФК Малеш доаѓа со подмладена екипа, а пресметките помеѓу двата клуба секогаш носат супер возбуда и драма до самиот крај, се вели во најавата од делчевскиот клуб.
Средбата се игра на 1-ви септември, недела, со почеток од 16:30 часот на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Делчево.


Leave a Reply