Брегалница 1926 Делчево со Тиверија и Турново на гости на стартот во Третата фудбалска лига Исток

Брегалница 1926 Делчево со Тиверија и Турново го започнува настапот во Третата фудбалска лига Исток каде се враќа по пауза од неколку години.

Денешната ждрепка сакаше сино белите со две гостувања да ги започнат натпреварите, но она што ќе биде вистински шлаг на тортата е третото коло, во кое на домашен терен ќе ја пречекаме екипата на Слога Виница. Се работи за екипа која според сите прогнози ќе биде најсериозниот претендент за влез во Втората лига.

Токму Виничани оваа недела како што претходно најави тренерот Даниел Гоцевски, ова недела во пријателски натпревар ќе гостуваат во Делчево.

Тоа ќе биде одлична прилика на дело да се види нивниот квалитет, но и домашниот тим по двете победи над Граничар и Малеш, да има сериозен тест, по кој ќе дознаеме какви ќе ни бидат силите на теренот во соседското дерби.

Во продолжение се потсетуваме на последниот натпревар кој делчевска Брегалница го доби против екипата на ОФК Малеш од Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*