Училишен прибор за првачињата од Делчево од ЈЛБ ,,Илинден”

Првачињата од двете делчевски деветолетки ,,Ванчо Прке” и ,,Св.Климент Охридски” и оваа учебна година добија школски прибор од Јавната локална библиотека ,,Илинден” од Делчево.

Активноста како што информираше директорката на библиотеката Биљана Петровска се реализира неколку години по ред.

-Денеска ги посетивме првачињата од двете основни училишта во градот на кои им додели не дел од потребниот училишен прибор. Малку збунети, малку радосни, трепкаат со очињата и стојат мирно. Долг е образовниот пат пред нив, само што зачекорија. Да се надеваме дека самоуверено, храбро и со силна желба за знаење ќе чекорат по него, истакна Петровска 

Од ЈЛБ „Илинден“- Делчево воедно ги информираше дека во библиотеката има огромен број детска литература која можат да ја изнајмат самите ученици. 

-Тука се лектирите, сликовниците и друга детска литература која им посакуваме брзо да научат да ја читаат и да бидат наши редовни читатели, додадоа од ЈЛБ ,,Илинден”.

Во новата учебна година им посакаа многу трпение, успех, упорност, откривање на нови знаења и хоризонти, пренесувајќи ја пораката книгата секогаш да  биде нивниот најдобар пријател. вс/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*