Доделени наградите од литературниот конкурс ,,Делчево – нашата визија за иднината”

„Делчево – нашата визија за иднината“, беше темата на литературниот конкурс кој го распишаа ЈЛБ„Илинден“-Делчево заедно со ООУ „Ванчо Прке“ и ООУ „Св.Климент Охридски“.Конкурсот е распишан во рамки на одбележувањето на 7-ми Септември, денот на ослободувањето на Делчево.

На литературниот конкурс учениците можеа да творат и поезија и проза.Иако само што започна учебната година, сепак одзивот на учениците за овој конкурс беше голем.Пристигнаа навистина прекрсани творби а комисијата за избор во состав Анита Петровска и Даниела Георгиевска, библиотекари во ЈЛБ„Илинден“-Делчево го одлучи следното:

Поезија:

Прво место за Максим Стефановски VIII одд.ООУ „СВ.Климент Охридски“, ментор Весна Ивановска.

Второ место за Теодора Димитровски IX одд. ООУ „Ванчо Прке“, ментор Василка Ивановска.


Трето место за Максим Стефановски VIII одд. ООУ „СВ.Климент Охридски“, ментор Весна Ивановска.

Проза

Прво место за Лина Манов VI одд.ООУ„Св.Климент Охридски“,ментор Веска Спасевска

Второ место за Андреа Мирчевска IX одд. ООУ „Ванчо Прке“, ментор Билјана Стоиловска.

Трето место за Изабела Начовски VIIодд. ООУ „Св.Климент Охридски“, ментор Емилија Атанасовска

Честитки до сите и до учесниците и до наградените на овој литературен конкурс.

Наградите на учениците ќе бидат доделени на свеченоста по повод 80 години слободно Делчево, во сабота со почеток од 11, 30 часот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*