Голем спортско-музички спектакл на 13, 14 и 15.09 во Берово (ZEGIN OPEN 2024)

Спортот и музиката на едно место.

Љубители на добрата Македонска музика, Ве известуваме дека на 14 Септември ( сабота ), покрај натпреварувачкиот дел од меѓународниот турнир Zegin Open, во вечерните часови, односно во 21:00 часот на Плоштадот Димитар Беровски ќе се одржи спектакуларен концерт на познатата Македонската група Next Time.

Пред почетокот на коцертот организирано е спортско дефиле на сите натпреварувачи од земјите учеснички на меѓународниот турнир.

Сите заинтересирани граѓани од соседните општини кои сакаат да присуствуваат на финалните пинпонгарски натпревари, како и на вечерниот концерт на групата Next Time, можат да се пријават на facebookстраната на ППК Зегин Берово и за истите ќе биде организиран превоз и тоа по следниот редослед:

Обезбеден превоз за сите од соседните градови и населени места со следниот распоред

1 возило
Двориште 18.00
Ратево 18.30
Русиново 18.45
Владимирово 19.00

2 возило
Митрашоинци 18.30
Будинарци 18.45
Мачево 18.50
Смојмирово 19.00

3 возило
Робово 18.30
Умлена 18.45
Чифлик 18.55

4 возило
Панчарево 18.30
Црник 18.45
Негрево 18.55
Пехчево 19.00

5 возило
Македонска Каменица 18.00
Делчево 18.30
Тработивишѕе 18.40

Враќање од Берово до секое од горенаведените места во периодот од 23:30 – 24:00 часот ( зборно место старата автобуска станица ).

Почитувани граѓани не пропуштајте ги финалните натпревари од големиот меѓународен турнир во пинг понг Zegin Open и големиот концерт на познатата Македонска група Next Time.

Ве очекуваме!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*