Победничко селфи на фудбалерите на Брегалница 1926 Делчево по триумфот во Струмица

Победааа во Струмица!!
0 : 1 Александар Илиев 👀⚽
🔵⚪, се вели во објавата на ФК ,,Брегалница 1926 Делчево.

Нашите фудбалери денес на гости кај Тиверија ја стартуваа сезоната во Третата фудбалска лига Исток и на радост на навивачите ја забележаа првата победа во есенскиот дел од првенството.

Тренерот Даниел Гоцевски постави и одлична тактика која резултираше со водство од 0:1 уште во првото полувреме, кое сино-белите го задржаа до крај, со што заслужено славеа.

Оваа победа како што се вели во објавата на клубот е за сите кои верувавте во екипата.

-Натпревар во кој одигравме храбро, зрело и смело. Но, пред се, сите фудбалери во текот на целиот натпревар играа и за сите оние кои веруваа во овој проект и веруваа дека нашиот клуб повторно може да се врати на успешни, победнички стази. Ова е само почеток, на нешто убаво, за целиот град. Делчево повторно ќе биде препознатлив на фудбалската мапа, се вели во објавата на ФК Брегалница 1926 Делчево.

Во следното коло делчевци повторно гостуваат, овојпат кај Хоризонт во Турново.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*