Од средината на месец август 2024 г. активно се рабoти на целосна реконструкција на старата административна зграда на ЈКП Брегалница Делчево, објавија денес на своите фејсбук страници градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски и Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница”.
Работите ги изведува фирмата Панел М чија понуда беше најповолна .
Инвестиција е во износ од 145.000 евра, а опфаќа нова кровна конструкција, нова термоизлациона фасада, замена на сите прозори и врати со термоизолациони ПВЦ, нови тоалети, реконструкција на сите простории со тавани, зидови и подови како и замена постоечката инсталација за парно греење и други ставки наведени во проектната документација.
Во моментот се завршени работите на изградба на подовите со изолација, а сега се работи на поставување на кровната конструкција.
Работите кои се реализираат во рамки на проектот ,,Чиста Вода за Делчево” кој е финансиран од Швајцарската Амбасада се очекува да завршат најдоцна до крајот на 2024 година, се вели во објавата на ЈКП ,,Брегалница” и градоначалникот Трајковски.






Leave a Reply