Пекевски: Заврши изградбата на улица Јане Сандански во с.Русиново

 Во беровското село Русиново заврши изградбата на улицата Јане Сандански, објави денес градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски. Со изградбата на оваа улица очекува во голема мера да се подобри пристапноста на жителите до нивните имоти, како и самата патна инфраструктура во селото.

-Се решава голем проблем на жителите од ул.,,Јане Сандански” во с. Русиново- Берово, калта од оваа улица , конечно е заменета со бехатон плочки. Изградена е дел од улица ,,Јане Сандански”, во должина од 53 метри, широчина од 3 метри со бехатон плочки, со дебелина од 8 сантиметри. Изградбата на оваа улица, која долги години наназад, е во лоша состојба, е од големо значење за жителите на с. Русиново, истакна Пекевски.

Според планот и програмата на Општината изградбата на вакви значајни инфраструктурни проекти како што најави градоначалникот ќе продолжи и во наредниот период.

-Продолжуваме да градиме и да го унапредуваме квалитетот на живот на сите граѓани и заеднички градиме по план и по приоритети, додаде Пекевски.

Од Буџетот на општина Берово, за 2024 година, за изградба на улицата Јане Сандански во с.Русимово се издвоени средства во износ од 367.820,00 денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*