Денес, 27- ми септември кога го празнуваме ,,Воздигнувањето на чесниот и животворен крст’’ – Крстовден, Епископот Делчевско-каменички г. Марко началствуваше во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица’’ во Делчево.
По читањето на Светото Евангелие Епископот, одржа пригодна беседа во врска со денешниот празник.
Сите ние знаеме, дека Нашиот Спасител Г. И. Христос на крстот ги рашири рацете за да не прибере кон себе. Он страдајќи на крстот ни ги прости сите наши безаконија.
По Неговиот пример и ние, треба да бараме прошка и со тоа да го имитираме Бог. Христос, нѝ покажа како се Љуби жртвувајќи се себе на крстот.
Со Неговото страдање постави репер за љубов кон која секој од нас треба да се стреми. Затоа и ние толку многу го почитуваме крстот. Крстот не вознесува кон небото. На крстот е поразена смртта, поразени се демоните, а прославени се ангелите. Секогаш кога ни треба сила и поткрепа во постот и искушенијата се сеќаваме на крсното знамение за да ни биде поткрепа во секојдневните подвизи.
Силата на крстот нека не осенува постојано и да ни дава сила преку Воскреснатиот Бог и ние да се поткрепуваме во верата.







Leave a Reply