Едукативно предавање за ,,Врсничко насилство” во деветолетката ,,Ванчо Прке” во Делчево

Денес на 30.09.2024 година (понеделник) на одделенскиот час за учениците од четврто, петто и шесто одделение се одржа работилница на тема: ,,ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО” (злоупотреба, превенција и негово навремено пријавување).

Работилницата беше реализирана од претставник на Полициската станица , Делчево од страна на Помошник Командир за јавен ред и мир и превенција – Марија Аџиска
Работилницате беше реализирана во соработка со учениците, одделенските раководители, Педагогот и Психологот во училиштето . Преку разговори и дискусија кај учениците се поттикна размислување за многу можности како да се заштитат и да препознаат разни видови насилство.

Исто така учениците преку разговор беа запознаени како да пријават говор на омраза и насилничко однесување во секојдневната комуникација во училиштето и надвор од него како и на социјалните мрежи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*