Работна посета на светски познатиот карикатурист Дамир Новак од Хрватска во Домот на култура ,,Тошо Арсов” во Виница. Заедно со директорката на установата Благица Стојановска како што стои во објавата на Домот на култура се разговараше за тековниот конкурс за карикатура “Кој прв започна” кој официјално завршува денес.
-Заинтересираноста за истиот на наше лично задоволство е голема, што значи дека и оваа година членовите на жирито ќе имаат навистина тешка задача. Селекцијата на најдобрите 50 карикатури ќе ја имаме наскоро. Добитниците на наградите на првите три карикатури ќе се објават на отворањето на Фестивалот за хумор и сатира “Ин Виница Веритас” на 18.10.2024 год. Благодарност до претседателот на жирито- Дамир Новак, за денешната посета и за соработката која трае со години!, се вели во објавата на Дом на култура ,,Тошо Арсов” Виница.


Leave a Reply