Градоначалникот на Берово, Пекевски го прими Сертификатот за сеопфатна отвореност на буџетските процеси за 2023 година

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски денес го прими Сертификатот за сеопфатна отвореност на буџетските процеси за 2023 година. Сертификатот како што соопшти Пекевски на Општина Берово и го доделува Здружението за истражување и анализа ЗМАИ.

-За прв пат, откако ова Здружение, работи на мерење на Индексот на отвореност на општините,  има општина која има  сеопфатна отвореност на буџетскиот процес и тоа е Општина Берово, се вели во објавата на Пекевски.

Извештајот на Индексот на отвореност на општините, како што додаде ја прикажува актуелната состојба на транспарентноста, првичноста и отчетноста на Општината.

-Индексот претставува објективна алатка за процена на нивото на отвореност на локалната власт. Благодарност до ЗМАИ- Здружение за истражување и анализа, за сертификатот и за тоа што ја препозна Општина Берово како најтранспарентна во целиот процес, додаде Пекевски

Ваквите оценки според него силно влијае за подобрување на нивото на транспарентноста на Општините. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*