Во Пехчево свечена програма за Светската недела на детето

По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански присуствуваше на официјалниот прием на првачињата во Детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево.

Учениците од петто и шестто одделение со нивните наставници имаа подготвено програма во чест на првачињата и им посакаа топло добредојде.

Кратка програма имаа и првачињата, а го кажаа и своето ветување дека ќе бидат добри ученици и другари и дека ќе ги почитуваат правилата во училиштето.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*