Во с.Цера се слави Покров на Пресвета Богородица

Денеска, кога го чествуваме големиот христијански празник Покров на Пресвета Богородица, заедно со могуброен народ верници од нашата општина и поширокиот регион, присустувам во истиоимениот манастир Покров на Пресвета Бигородица на Еленец, во село Цера.

Овој голем верски празник е длабоко вкоренет во нашата православна вера и традиција, и ни служи како потсетник за заштитата и благословот што Пресвета Богородица ги дава на сите нас и целиот православен свет.

Како локална самоуправа, постојано сме посветени на зачувувањето на нашето културно и духовно наследство. Ги поддржуваме активностите на манастирот и Делчевско – каменичката епархија се стремиме да создадеме услови за негово понатамошно унапредување. Веруваме дека со заеднички напори, со Епископот Делчевско – Каменички г. Марко, ќе успееме да го одржиме и развиваме овој наш повеќевековен свети храм на верата и традицијата.

Нека благословот на Пресветата Богородица секогаш не следи и нека ни подари здравје, мир и благосостојба. Да ни е честит празникот, и нека Богородица го чува нашиот народ и нашата заедница.

Со почит,
Димчо Атанасовски
Градоначалник на Македонска Каменица

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*