Се гради нова улица зад административната зграда на Заводот за вработување во Делчево

Во Делчево се гради нова улица која ќе биде продолжение на дел од Булевар Македонија. Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој изврши увид на работите информираше дека во моментот се работи на изведба на земјените работи.

-Деновиве започна да се работи на изградбата на  дел од улицата- булевар „Македонија“ зад административната зграда на Агенцијата за вработување во Делчево во должина од 168 метри. Во моментот се изведуваат земјени работи на теренот по што ќе следува асфалтирање на овој дел од улицата, информираше Трајковски.

Инвестицијата за изградба на овој проект е со средства обезбедени од Владата.

-Среџствата се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски и кофинансирање на Општина Делчево, а изведувач на работите е Атеа фемили ДООЕЛ Зелениково, додаде Трајковски.

Очекува по завршувањето на изградбата на улицата да се подобри сообраќајната комуникација за жителите од населбата Милково Брдо со центарот на градот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*