Кошаркарките на Патриот 2016 од Делчево го освои второто место на силниот Меѓународен турнир за кадетките кој под покровителство на КК Локомотив се одржа во Софија, Р.Бугарија.
Во полуфиналето нашите претставнички беа подобри од КК Академик 17 од Софија со резултат 63:37.
Во финалниот натпревар заслужена победа со резултат 65:47 забележа домашната екипа Локомотив, а Делчевки заслужено го освоија сребрениот медал.
1 место КК Локомотив
2 место КК Патриот
3 место КК Левски
4 место КК Академик 17

Од стручниот штаб и се заблагодарија на домашната екипата за срдечниот дочек, екипа со која раководи поранешната кошаркарка на Клубски Патриот Лили Георгиева.

Leave a Reply