Пехчево в сабота домаќин на Државните натпревари за млади истражувачи и техничари

Народна Техника на Македонија, Сојузот на здруженија на млади истражувачи на Македонија – „Наука на младите“ , Сојузот на клубови на млади техничари и природници на Македонија – СКМТП, Народна техника – Берово, а во соработка со Општина Пехчево и ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево и Министерството за образование и наука, на ден 26.10.2024 година ( сабота ) во просториите на ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево и Спортската сала „Јане Сандански“ – Пехчево, го организираат 60 – тиот Државен натпревар на млади истражувачи од Република С Македонија и 61 – виот Државен натпревар на млади техничари и природници од Република С Македонија.

Организаторите ги покануваат граѓаните да бидат дел од овој настан од едукативен и иновативен карактер, да ги погледнат изработките на учениците и да им дадат поддршка на истите.

Програма

До 09:00 часот – Пристигнување на натпреварувачите во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево
09:30 часот – Свечено отварање
10:00 часот – Почеток на натпреварите
16:00 часот – Завршување на натпреварите по области и објавување на резултати

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*