Одржан натпреварот по краснопис во организација на ЈЛБ „Илинден“ – Делчево и двете основни училишта во градот. Голема заинтересираност за натпреварот имаше и оваа година. Се натпреваруваа 73 ученици од III,IV и V одделение, кои пишуваа краток текст, извадок од лектирата „Зоки Поки“.
Комисијата во состав Валентина Даневска, наставник по македонски јазик и библиотекар во ООУ „Св.Климент Охридски“, Маријана Стоименовска, наставник по македонски јазик во ООУ„Ванчо Прке“, Даниела Георгиевска и Анита Петровска, библиотекари во ЈЛБ„Илинден“ имаа тешка задача да изберат тројца ученици кои пишуваат најубаво. Комисијата еве што одлучи, кои ученици се наградени на натпреварот по краснопис:
Трето место: Лела Јанковска
Второ место: Марко Стојковски.
Прво место: Леонтина Веселиновска.
Честитки и големо браво!
Честитки и за сите учесници во натпреварот, од библиотеката сите добија благодарници, се вели во објавата на библиотеката.

Leave a Reply