Солидна посетеност на Јавната локална библиотека ,,Илинден” во месец октомври

Во месец Октомври, Јавната локална библиотека „Илинден“ ја посетиле 698 членови, информираа денес од установата.

-Препорака на библиотеката до нашите членови беше се што имаме од авторот Сара Џио. Читателите пак, најмногу барале наслови од Лусинда Рајли и Колин Хувер, информираа од ЈЛБ ,,Илинден”

Основците најмногу ја читале „Белото циганче“, „ПетарПан“ и „Големи и мали“, средношколците „Епот за Гилгамеш„ и „Сид“.

-И во месецот што измина книги изнајмуваа и нашите студенти.Најбарана беше литературата од областа на Медицината. Инаку, во ЈЛБ„Илинден“ заклучно со денес бројот на читатели е 902 од кои 675 се жени, а 227 се мажи. Радува фактот што бројот на мажи читатели можеби бавно, но се зголемува, додадоа од установата

Препорака на библиотеката за новиот месец е авторот Ина Мур.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*