Во Делчево отворена изложбата на графики од Ивана Настески од Тетово

Во фоајето на Спомен Дом „ АСНОМ“, Националната установа центар за култура „ Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево денес беше отворена ликовната изложба на ликовниот уметник Ивана Настески од Тетово. Настанот се реализира во рамки на  активностите од Меѓународниот фестивал ,,Јаков од Камена Река”.  

-Денеска Интернационалниот фестивал Јаков од Камена Река, Центарот за култура од Делчево и сите луѓе околу нас застануваат зад Ивана Настески, сликар графичар од Тетово. Доаѓа да ја понуди својата душа да видите што е тоа што таа твори и енергијата која таа ја носи. Посакувам ваквите настани да ни се случуваат почесто во целата година. Ова го велам за ваквите дела да не бидат специфика само за поголемите градови. Уметноста треба да патува, за да ја видиме сите ние. Пожелувам на сите да имаат можност што почесто да гледаат вакви настани презентации на различни творби промоции на книги итн, истакна новинарот Љупчо Јолевски кој присуствуваше на отворањето на изложбата.  

Авторката се заблагодари на иницијативата која произлезе од фестивалот кој според неа е особено важен како единствен посветен на еден од првите печатари на овие простори. 

 -Затоа ја користам оваа благодарна идеја да имаме изложено во овој салон една исклучителна изложба која се соедини со фестивалот Јаков од Камена Река. Сето ова што е изложено е работено во долг временски период, а иако се бавам со графика изложени се и дел од моите акварели. Издвојувам неколку дела, а тоа иако се четири, се многу важни заради тоа што обединуваат, истакна авторката.

Ивана Настески Факултет за применета уметност завршила во Скопје 1999 година. Има дипломирано на Факултетот за ликовна уметност во Скопје насока графика во 2004 година. Магистрирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје на оддел графика и графички техники во 2009 година. Има повеќе самостојни и групни изложби, како во Македонија така и надвор од неа, како и учество на бројни меѓународни графички биенални и триенални изложби.

https://www.youtube.com/live/BdACwC7xhKE?si=f44TIAn1-YcMxg63

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*