Градски камерен хор „Астибо“ одржа концерт во Делчево

Во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“, во Делчево вечерва се одржа концерт на Градски камерен хор „Астибо“ од Штип. Во улогата на гости на конццертот беа домашната женска пејачка група Ѓурѓа и Младински оркестар при МАСС Академи, кои на последниот Меѓународен фестивал на камерни хорови “АСТИБО-ФЕСТ“ освоија три први награди.

Ова е наш трет самостоен концерт овде. Публиката прекрасна како и секогаш. Мило ми е што вечерва остваривме една долгопосакувана соработка со пејачка група Ѓурѓа. Овој ансамбл на нашиот фестивал освои прво место во категорија пејачки групи. Да го пофалам Делчево како расадник на музички таленти, затоа што дури три хора освоија три први места на неодамнешниот наш фестивал Астибо Фест, изјави диригентот Ивана Ѓурѓевиќ – Јанков.

Директорот на Националната установа центар за култура Н.Ј.Вапцаров, Љупчо Петовски изрази задоволство од соработката со Градскиот камерен хор од Штип. 

-Вечерашниот концерт е по проект на Министерство за култура. Овде настапија члемнови на хорот кои се гледа дека долго работат и ја воодушевија делчевската публика. Нашите групи им беа гости, имаа одличен настап и во оваа прилика можам да кажам дека женската пејачка група прераснува во една од најдобрите групи од ваков калибар во Македонија, рече Петровски.

Како то додаде програмскиот директор на установата Методи Толевски ова е само увеертира на настаните кои е следуваат во наредниот период, најавувајки неколку изложби и концерти кои ќе следуваат во месеците ноември и декември.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*