Иселеници од с.Русиново со донација за детската градинка ,,23 Август”

Иселеници од Берово донираа детски реквизити за потребите на детската градинка ,,23 Август” во с.Русиново. Донацијата освен од детски реквизити, се состои од нагледни средства кои ќе влијаат на подобрување н условите за работа во установата 

На градинката и беа донирани детски играчки, преносен компјутер (лаптоп), принтер и  машина за садови,  кои се донација од иселениците Горан Буровски, Дарко Поповски, Сашко Механџиски, Дејан Механџиски, Димче Страторски и Даниел Костевски од с.Русиново.

Донацијата ја поздрави и градоначалникот Звонко Пекевски кој упати посебна благодарност до донаторите и до претседателот на месната заедница од с. Русиново – Игор Жежовски, кој воедно е и организарот на донацијата.

Донираната опрема и реквизити, како што додадоа од градинката бидат од голема корист за самата градинка ,,23 Август” , а со истата како што додадоа ќе се овозможат подобрени услови за престој на дечињата и повеќе содржини за играње. 

Донаторите најавија и уште една донација за детската градинка во с. Русиново, преку која ќе бидат обновени детските реквизити во дворот од градинката.

-Ова е пример, како се сака родното место и дека каменот повеќе тежи на родното место, а големиот ум и добро срце, се секогаш моќната комбинација на луѓето кои донираат за хуманитарни цели, додаде Пекевски. 

Ваквата хуманост, според него треба да биде пример за сите, во потрагата по подобро утре за поединецот, а преку тоа и за општеството.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*