Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски денес оствари прием на делегација од Општина Гоце Делчев, Бугарија, предводена од градоначалникот Владимир Москов.
Посетата е возвратна на неодамнешната посета на делегација на Општина Берово.
-Им посакав пријатно добредојде и пријатен престој во Берово, да уживаат во убавините кои ги нуди Берово и се разбира, да оствариме успешна соработка и заеднички да реализираме проект, за добробит на општините Берово и Гоце Делчев, рече Пекевски.

Градоначалникот Москов, упати благодарност за поканата, со надеж за успешна соработка и реализација на зеднички проект.

-Разговаравме за можностите за меѓуопштинска соработка, збратимување на двете општини и можностите за заедничко учество на проекти од Еразмус + Програмата, истакна Пекевски
Двајцата градоначалници заеднички го посетија музејот на град Берово, туристичката населба Беровско Езеро и Манастирот ,,Св. Архангел Михаил”.


Leave a Reply