Околу 12.000 садници бор денес засадени во Пехчево

Вработени од ЈП “Македонски Шуми” заедно со средношколци и наставничкиот кадар на СУГСГ „Орце Николов“ – Скопје од Скопје, средношколците од Ацо Русковски – Берово/Пехчево и нивниот наставнички кадар од Берово, Боренка и извидниците, вработените во општина Пехчево и доброволци заедно засадија преку 12000 садници бор, информираше денес заменик директорот на Национални Шуми, Кире Михаилов.

Во денешната прекрасна, весела и невидено квалитетна акција, како што додаде тој, учество земаа преку 150 луѓе.

-Во изминативе две недели, интензитетот на пошумувањата низ цела МАКЕДОНИЈА беше таков што преку 500 хектари се пошумени само во Малешевијата, а преку 500 луѓе активно секојдневно во изминативе неколку недели беа постојано во акција на терен, истакна Михаилов.

Учество во сите овие акции покрај вработените во ЈП “Македонски Шуми”, земаа средношколците и нивните наставници, земаа основците и нивните наставници, земаа војниците од Армијата на Република Македонија, вработените во општините, планинарите, ловците, Боренка, извидниците и безброј волонтери од цела држава.

-Се изврши прекрасно квалитетно пошумување и потсејување во цела МАКЕДОНИЈА, а со таков и уште поголем интензитет ќе продолжиме и во периодот кој претстои, додаде Михаилов.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*