Делчевските советници со поддршка за проектот за развој на советувалишна услуга за маргинализирани групи граѓани

Проектот  за  Развој   на   услугата   советувалишна   и   советодавно-тераписка   работа   за   жени   со попреченост, родители на лица со попреченост и  други маргинализирани групи,  кој  веќе интензивно се спроведува  во Општина Делчево, денес продолжи со работилницата насловена: „Сензибилизирани советници , можност за одговор на предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост и нивните семејства“.

Работилницата беше наменета за членовите на општинскиот Совет и како што истакнаа организаторите, оваа работилница е дел од низата работилници кои досега беа организирани за: стручните соработници во локалните   институции,   Советот   за   социјална   заштита,   лицата   со   попреченост   и   нивните   родители, образовните   асистенти   на   учениците   со   попреченост.   

-Денешната   работилница   има   за   цел   да   ги сензибилизира советниците за потребите и предизвиците со кои се соочуваат маргинализираните групи , со акцент на лицата со попреченост и нивните семејства. Советот на општината е орган  каде се донесуваат најбитните одлуки за мерките и активностите кои ги засегаат маргинализираните групи, нивното непосредно учество во одлучувачките тела на општината,  каде застапеноста на лицата со попреченост досега е скоро незабележителна, истакна Сузана Петровска, координатор на проектот.

 Во   тој   контекст   беа   спроведени   неколку   сесии   и   вежби   за   начините   и   техниките   за лобирање и застапување и  можностите и начините на  интеграција на лицата со попреченост или член на нивните семејства во телата каде се носат одлуките. 

-Следува уште една работилница со бизнис секторот, по што ќе следи лиценцирањето на НВО „Бравура кооператива“  за давање на советувалишната и советодавно-тераписката услуга, која ќе биде четврта развиена социјална услуга за маргинализираните групи во Општина Делчево, додаде Петровска.

Активностите се дел од Проектот за развој на советувалишна и советодавна тераписка работа со маргинализирани групи, со посебен акцент на лицата со попреченост и родители и истиот финансиски е поддржан од Мрежата на заедница на локалните самоуправи од Југоисточна европа – НАЛАС, ГИЗ и ЗЕЛС како партнери во проектот.

Во продолжение изјавата на советникот Сунчица Ѓоргиевска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*