Сојузот на здружение на пензионерите на Град Скопје донесе решение за формирање времена комисија за здравство, во состав: м-р Благој Механџиски претседател, м-р Илија Глигоров член и мед. сестра Марија Климпер. Во својата изјава за Делчево365, новоназначениот претседател м-р Благој Механџиски истакна дека се нафаќа на функцијата со цел да ги изгради контурите и насоките по кои треба да се движи комисијата, која како што додава е една од најнапредните во западните земји.
На ден 4 декември 2024 Сојузот на пензионери во Скопје кои се преку 100.000 пензионери, повеќе од 1/4 од вкупниот број, а повеќе од 50 проценти во колачот на исплати од пензионерскиот фонд ме избраа за претседател на здравствената комисија која како императив на настанатите околности се формира од времен карактер. Се нафатив на функцијата со цел да ги изградиме контурите и насоките по кои треба да се движи комисијата, која е една од најнапредните во западните земји, бидејки пензионерите се најранливата категорија од популацијата во секоја држава. Да бидам искрен ми ласкаше ваквата неполитичка поверена должност, бидејки сметав дека ќе одговорам на обврските и на предизвиците кои ќе ме следат, благодарение на моето 60 годишно работење во здравствената кауза ширум светот. Искрен да бидам уште повеќе ја очекувам поддршката од пензионерската еснафска фела и пошироко од неа, истакна Механџиски.

Комисијата за здравство како што се вели во објавата на Сојузот за пензионери се формира со цел за придонесување за подобрување на здравствената состојба и здравствените услуги на пензионерите како: -Едукација, предавања и здравствени консултации за пензионерите; -медицинско обезбедување на настани и активности на пензионерите; -медицински акции (превентивни прегледи од повеќе специјалности, како на пример вид, слух, шеќер во крвта, крвен притисок); -соработка со медицински установи и Црвениот крст за установи за подобрување на организираноста за давање на медицински услуги на пензионерите; -застапување на интересите во областа на здравството пред државните институции и други стручни и слични активности во интерес на пензионерите од градот Скопје и пошироко; -соработка со здруженијата членки на СЗПГ Скопје и со нивните комисии за здравство и др.
Комисијата активностите ќе ги извршува без финансиски надомест, односно волонтерски.
Мандатот на оваа комисија започнува од денот на потпишувањето на ова решение и ќе трае до формирањето постојана здравствена комисија при СЗПГ Скопје, се додава во објавеното решение потпишано од новиот претседател м-р Благој Механџиски и претседателот на СЗПГС Томислав Татабитовски.
Честитки за бардот на македонската фармација кој со своето искуство, повеќе од сигурно ќе придонесе за успешно реализирање на зацртаната работа на самата комисија.


Leave a Reply