Трајковски во посета на дежурните служби за Новогодишната ноќ

Градоначалникот на Делчево традиционално и оваа година ги посети службите кои беа на своите работни места на новогодишната ноќ.

Новогодишната ноќ е работна за Итната медицинска служба, за пожарникарите во ТППЕ Делчево, за полициските службеници од ПС од општа надлежност- Делчево, како и за Царинската испостава на Граничен премин Делчево.

-Посетата ја искористивме, за да се запознаеме со нивните обврски, предизвици и со условите во кои работат. Во знак на благодарност и за нивниот посебен придонес во зачувување на здравјето, безбедноста и имотот на граѓаните им доделивме пригодни подароци,, истакна Трајковски

Посака да имаат мирна новогодишна ноќ, а наредната 2025, да им донесе лична среќна, многу здравје и бериќет и успех на професионален план.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*