Зимска работилница со најмалите во ЈЛБ ,,Илинден” Делчево

Креативно, весело, интересно и бучно беше денеска во читалната на ЈЛБ „Илинден“ во Делчево. Околу 20 дечиња беа дел од првата работилница што ја организира библиотеката за време на зимскиот распуст на учениците.

-Работилницата беше посветена на зимата и сите убавини што ги носи таа, снег ,,Дедо Мраз, новогодишна елка и лампиони. Дечињата правеа дрвени рамки на слики. Користејки дрвца и лепак, тие направија прекрасни рамки на сликите и истите ги изложивме во читалната, па сите наши читатели кои доаѓаат да изнајмат или вратат книга, можат да ги разгледаат, истакна директорката Билјана Петровска.

И следната работилница која ќе ја реализира библиотеката до крајот на зимскиот распуст како што додадњ директорката ќе биде посветена на зимата и Нова година.

Благодарност до дечињата што и за време на распустот, издвоија време да бидат дел одоваа наше дружење.
Важно е децата да експериментираат, да поставуваат прашања, да кажуваат мислење, да ги откриваат своите идеи и да ги објаснуваат. Да се негува креативна атмосфера и да се охрабруваат, да пробаат нешто ново .Најголем акцент треба да биде на процесот на осмислување на новата идеја а не на оценување на истата.
За поттикнување на креативноста важни се љубовта, поддршката, вниманието и топлата атмосфера, а ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, на децата им го нуди токму тоа, додаде Петровска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*