Јавната локална библиотека ,,Илинден” од Делчево доби поддршка од Министерството за култура, за 2 проекти поднесени во рамки на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата, од областа на библиотечната дејност за 2025 година, соопштија од библиотеката во Делчево.
Проектите како што информираше директорката на установата Биљана Петровска, се однесуваат на поголема грижа за библиотечниот фонд во установата.
-Првиот проект е „Збогатување (набавка) и водење на библиотечен фонд„ одобрен со 99.000 денари и вториот „Унапредување на условите во библиотеката за соодветно чување и презентирање на библиотечниот фонд“ со 51.000 денари. Преку овие два проекти, библиотеката ќе набави голем број на нови наслови кои ќе бидат издадени во текот на годинаата, или и недостасуваат на установата, информираше Петровска.
Дел од средствата како што додаде ќе бидат искористени за набавка на полици за соодветно чување на библиотечниот фонд и негово презентирање пред читателите.
-Финансиски средства на библиотеката години наназад и недостасуваат и затоа поддршката за овие проекти е повеќе од добредојдена, додаде Петровска.
Изрази благодарност до Министерството за поддршката на проектите кои установата очекува да ги реализира во најскоро време.

Leave a Reply