Во организација на Претседателот на здружението на угостители Горан Јанковски и иницијативниот одбор за одржување на истата вечерва во Делчево се одржува најавената Угостителска вечер.
Угостителската вечер почна да се одржува 2015 година, а здружението е формирано 2018 година. Традиционално и оваа година се одржува со присутни околу 70 угостители од сите угостителски објекти во градот, а има и гости oд соседните градови.
Очекуваме добра забава и се надеваме дека секojа година ќе бидеме во се поголем броj. Како здружение на угостители ви посакувам убава вечер истакна претседателот на здружението Горан Јанковски.
Угостителската вечер се одржува во Ресторан Беровец, а за музиката се задолжени Национал Бенд.

Leave a Reply