Гоцевски со одговор на демантот на Трајковски

Во продолжение ви го пренесуваме одговорот на Иван Гоцевски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ на претходниот демант на градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој утрово го објавивме:

Во продолжение интегрален текст од одговорот на Гоцевски:

………………………

Додека Трајковски нервозен држи прес-конференција која од соседната канцеларија друг му ја напишал, без аргументи и директни лични напади и сеење магла низ историјата, го замолувам јавно исто преку прес-конференција да одговори на овие прашања кои стојат неодговорени во архивот на општината и за кои истиот тој има и статутарна обврска како Градоначалник на Општина Делчево/Municipality of Delcevo.

Еве Трајковски, врз основа на член 43 став 5 од Законот за Локална Самоуправа,Сл.весник на Р.М бр. 05/02)член 8,член 9,член 26 став 2 од Деловодникот на Советот на Општина Делчево заради вршење на својата работа и обврски како членoви на Советотот на Општина Делчево и по барање и реакции од граганите во врска со новиот обект кој никнува во близина на спортските игралишта на планината Голак, Ви ги доставуваме следните прашања:

  1. Како се решени фекалните отпадни води од канализационите цевки кои се видиливи на терен?
  2. Дали за обектот постои елаборат за животна средина?!
  3. Дали со обектот се загадува живитната средина со оглед дека инсталациите кои се поставени асоцираат на тоалети?
  4. Колку средства од Буцетот на Општина Делчево се одделени за оваа Ваша авантура и од коа ставака?
  5. Кој е изведувач на обектот? Со оглед на фактот дека работниците кои го градеа се дел вработени во јавното претприатие а дел се ангажирани преку “Програмата за извршуванье на јавни работи во Општина Делчево за 2024 година”. Исто така нагласуваме дека постојат и слики кои покажуваат дека механизацизата од JKП “Брегланица” од Делчево учевствува во изградбата на истиот?
  6. Дали градежниот инспектор направил посета на терен и што констатирал?
  7. Дали сте свесни дека градењето на обекти за кои нема одобрение за градење се “дивоградби” а самото дело претставува кривично дело? Дали можеби натрупаните претставки за сомнение за сторено кривични дела се и во основата на вашата нервоза?

Пред без аргументи да ме обвините во било што во прилог Ви ги доставувам и фотографиите за вистинитоста на истиот исто како што беше и судското порамнување за пожарникарите за неисплатени надоместоци на плати и додатоци на плата за време на последната наша партиска прес-конференција.

И Трајковски незаборавајте пред да одговорите на овие прашања да се консултирате со соседната канцеларија и со лицата на кои им се извршуваа гратис градежни активности на нивните имоти на планината Голак со вработените и механизацијата на ЈКП “Брегалница”од Делчево на терет на граѓаните на нашата општина, за што имаме и фотографии.

Незаборавајте да се консултирате Трајковски со нив затоа што само така ќе бидеме сигурни дека се движите во надолна линија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*