Одличен настап на Кик боксинг клубот АС на Државното првенство во Скопје

Успешен настап на КВК АС Делчево на вчерашното државно првенство што се одржа во спортската сала Јане Сандански во Скопје, клубот освои 4 медали, еден бронзен, два сребрени и еден златен. Злато и бронза освои Андреј Митков во дисциплината кадети помлади – 47 кг – 52 кг.

Во категоријата – 52 килограми загуби со тесен резултат во полуфиналето и остана со бронзениот медал.
Во категоријата – 47 килограми ги совлада сите противници и стана државен првак, со што се гордееме и можеме да кажеме дека сме горди што имаме државен првак, Андреј Митков, на ова првенство дебитираа двајца сениори, Дејвид Арсов, петто место, додека Ферат Мемедов настапи во две категории и успеа да освои сребрен медал. Благодарност до поддржувачите за учеството на ова национално првенство.
Бурекчилница Бучко
Стаменков
Манов
Kit Go, а особено компанијата Алинком.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*