Делегација од Крањ во посета на Берово

Во посета на Општина Берово денес се Градоначалникот на Општина Крањ, Maтјаж Раковец и Пратеничката на Движење Слобода, Сандра Газинковска, од Република Словенија.

Посакавујаки им пријатно добредојде и пријатен престој во Берово, градоначалникот Звонко Пекевски им посака да уживаат во убавините на Берово, посакувајки остварување успешна соработка при реализацијата на заеднички проекти за подобар живот на граѓаните на двете општини.

-Им се заблагодарив за неодамнешната донација од специјално противпожарно возило за Берово, со кое силно се зајакнати капитетите за противпожарна заштита. Разговаравме за можностите за развој на билатерална соработка и реализација на проекти, како и продлабочување на соработката, во областа на културата, социјална заштита, обезбедување на подобра комунална инфраструктура и унапредување на противпожарната заштита, истакна Пекевски.

Во рамките на посетата, заедно со гостите и Претседателот на Совет на Општина Берово делегациите ги посетија Дневниот центар на лица со телесна или ментална попреченост, Мал групен дом, ТППЕ Берово и Домот за стари лица во Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*