За Св.Трифун се закројуваше лозје во Филиско Маало во с.Драмче

Четириесет и шест годишниот Кирчо Јанковски пред десетина години се врати од Италија и со искуството кое го стекна таму започна со изградба на своја сопствена винарија. На неговиот имот во таканареченото Филиско Маало во село Драмче, денес се закројуваше лозје по повод празникот Св.Трифун, заштитник на лозарите. 

– За кроење на лозјето најважно е оставаме ластарче за следната година да се роди пак. Значи да се остави убава прачка за оваа годиназ но и да мсилиме за наредната година. Се што е старо се крои, за да добиеме нов ластар, истакна Јанковски.

За неговата работа они кои денес присуствуваа на закројувањето велат дека е потребна поголема поддршка за нивната работа.

-Кирчо е вреден и работлив, камо да има и други како него работници. Тој произведува добро вино, потребно е на вакви луќе да им се помогне да работи, да се снабдат со вода, да им се дадат поголеми субвенции, оти без земјоделие нема напредок истакна Ѓорѓи Јовановски, поранешен вработен во подрачната единица на Министерство за земјоделие.

Годината која помина Јанковски вели дека добро поминал, потенцирајки дека секоја година предизвиците се различни.

-Секоја година е различно секоја нова година е предизвик. Поминавме добро бидејки во оваа професија сум 20 години затоа секоја година е предизвик но се снаоѓаме. Моментално имаме вино од сортата Кадарка која е многу ретка многу малку количински се произведува, потоа Вранец, Темјаника, Смедеревка, вели Јанковски.

Оваа година планира да ја прошири винаријата во градот Делчево за што веќе има изградено објект, а целта е да биде поблиску до оние кои ги бараат неговите производи. Во делчевско поради лозарството е овоштарска гранка која успева поретко, но пределите како Филиско Маало во селото Драмче се идеални за ентуијасти како Јанковски за подигање лозов насад. 

Видео репортажа од денешното закројување на лозје:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*