Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Настанот се реализираше во соработка со деветолетката „Ванчо Прке“ чии ученици се претставија со рецитал посветен на мајчиниот јазик и изготвија Алманах посветен на мајчиниот јазик со нивни лични творби.
-Меѓународниот ден на мајчиниот јазик библиотеката го одбележува со учениците од шесто до деветто одделение и наставниците по македонски јазик од ООУ„Ванчо Прке“. Зборувавме за значењето на македонскиот јазик, учениците се претставија со рецитал посветен на мајчиниот јазик и изготвија Алманах посветен на мајчиниот јазик со нивни лични творби. 21 февруари нека биде денот кога посветуваме посебно внимание на нашиот јазик, но да си го употребуваме и негуваме нашиот јазик секој ден, секогаш и секаде. Да читаме, пишуваме и зборуваме на мајчиниот јазик, истакна директорката на Јавната локална библиотека, Билјана Петровска.
Во чест на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, за потребите на библиотеката во ООУ„Ванчо Прке“ директорката Петровска подари книги, кои ќе бидат достапни за сите ученици.

Leave a Reply