Делчевскиот ракометен бомбардер Филип Петровски со маестрална партија во Св.Николе

Филип Петровски делчевскиот ракометен бомбардер одигра уште една маестрална партија за својот Металург, кој иако загуби на гостувањето кај Овче Поле ќе игра ПЛЕЈ ОФ за пласман во Супер Лигата.

До почетокот на плеј офот има уште два натпревари со Кичево и Мулти Есенс, по што Петровски и неговите колеги ги очекува разврската околу пласманот во најелитното македонско ракометно натпреварување.

За Петровски што и да се каже ќе биде малку. Како млад уште додека настапуваше за екипата под водство на Драган Пешовски се гледаше неговиот талент, а веднаш потоа како професионалец го потврди својот талент, редовно ,,решетајки” ги мрежите каде и да настапува.

На Филип и неговиот Металург им посакуваме многу успех во плеј офот и пласман во Супер Лигата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*