Делчевскиот центар за култура доби финансиска поддршка од Министерството за култура за реализација на проекти во повеќе области

Националната установа центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево, денеска ги соопшти проектите за кои конкурираше и доби поддршка согласно Годишната програма на Министерството за култура и туризам за 2025 година. Како што истакнаа од установата, најмногу средства добија проектите кои Центарот за култура ќе ги реализира во делот на Фолклорната дејност. 

-Од областа на Фолклорната дејност, Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево доби финансиска поддршка од околу 570.000 денари. Средствата се распределени за организирање и учество на повеќе манифестации, меѓу кои како најзначајни ќе ги споменеме Голачки фолклорни средби 2025 и Одбележување на 149 години од Разловечкото востание, истакнаа од Установата, додавајки дека дел од овие средства ќе бидат наменети за набавка на опинци за потребите на фолклорната група Вапцаров, за програмата на Женската пејачка група Ѓурѓа, како и за материјални трошоци и учество на манифестации и фестивали во нашата држава.

Освен за фолклорната дејност, делчевската културна установам доби и 300.000 денари за реализација на активност од драмската и музичко-сценската дејност.

-Во драмската дејност за напоменување се проектите  „Три години аматерски младински драмски клуб „Ехо“ од Делчево, „ Бегалка и Чорбаџи Теодос“ – 30 години од смрта на Васил Иљоски, работа и театарски претстави низ Македонија во режија Никола Јанакиев . Од областа на музичката и музичко сценската дејност најголема поддршка во висина од 50 илјади денари доби „Fin Project Musik“, додадоа од НУЦК „Никола Јонков – Вапцаров“.

Оттаму напоменаа дека активности со поддршка од Министерството за култура ќе бидат реализирани и активности во делот на Ликовната уметност, во чии рамки е предвидена и Ликовна работилница заедно со децата од Центарот за деца со посебни потреби Делчево.

Еве кои се проекти добија поддршка:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*